Менаџерите се тие кои треба да изнајдат начин како да ги разберат своите вработени, односно што ги мотивира. Тоа што е мотив за менаџерите, не значи дека е доволен мотив и за останатите вработени. Мотивацијата е процес кој често е поврзан со системот за наградување, но во некои ситуации е независен од наградите. Современиот менаџмент сè повеќе го заменува терминот награда со терминот резултат бидејќи тој е поблиску до процесот на мотивација. Во практиката мислењата на менаџерите и на вработените се различни во однос на задоволството од работата.
Освен финансиската награда со цел да го подобрат мотивирањето на вработените, менаџерите треба да ги земат во предвид и следните мотивирачки фактори: предизвици во работењето, самореализација, поткрепа со признанија и активно учество во процесите на организацијата, односно да се биде дел од организацијата. За подобрување на мотивацијата менаџментот користи :
-ДЕСЕТ ЧЕКОРИ ЗА МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ.