Со услугите се среќаваме насекаде тргнувајќи од посета на доктор, ручек во омилениот
ресторан, користење на такси-превоз итн. Сето ова ги сочинува услугите во нашето
постојано живеење. Развиените земји сè повеќе откриваат дека нивниот услужен
сектор зазема најголем дел од нивниот национален доход – БДП, затоа тие постојано
работат на подобрување на квалитетот на нивните услуги, а со цел постигнување на
подобар бенефит/резултат на целокупното стопанство во државата.
Услугата станува основен фактор за зголемување на задоволството на
потрошувачот, како и постигнување на подобра конкурентска предност на пазарот за
одредена компанија и задржување на веќе стекнатата позиција на пазарот која ќе ја
зголеми вредноста на компанијата.
Со развојот на технологијата, како и со промените настанати во стопанското
работење, сè повеќе се актуализира значењето и улогата на Секторот услуги.