Print this page

Предизвиците на модерниот начин на живот во 21-от век во бизнис сферата

Што е тоа со што секојдневно се соочуваме како менаџери, стручни соработници во редовниот процес на работење на една фирма, соработка со партнер фирми, клиенти, добавувачи. Интерно работење проследено со постојано организирање, следење и контрола работниот тим, потешкотиите кои произлегувааат од секојдневни ситуации и настани, а со кои се соочуваат менаџерите од пониско до менаџери на повисоко ниво.

Потребно ни е секојдневно соочување и разрешување на тековните проблеми во организацијата на работа, подобрување на комуникацијата како со надворешните соработници и партнери, така и интерно помеѓу вработените во една организација/фирма, за сето ова ни е потребен Менаџментот како стручна област, Маркетингот како стручна област за подобро насочување на нашите производи и услуги кои не само што ќе ни овозможат опстанок, туку раст и развој на фирмата, Финансиите како стручна област за рационално користење на ресурсите и контрола на трошоците во работењето – Сето ова би ни овозможило да го подобриме работењето на нашите фирми и компании.